Припадниците на МВР нашле само 230 килограми марихуана во полициската акција во
Арачиново што траеше два дена, јави Алсат М.
Толкаво количество било најдено во куќа во селото Мојанци и засега тоа е едвај една
осмина од украдената марихуана на фирмата „Херб индустри“ од валандовско
Јосифово која се проценува на околу 2 тона.
Ова доцна попладнево го обелодени Јавното обвинителство.
Во нивната истрага се осомничени шестмина за кои бараат притвор, а од нив
четворица веќе избегале.
На денешната прес конференција министерот Оливер Спасовски не откри детали како
марихуаната завршила во скопско Арачиново.
Спасовски не откри како осомничените успеале да ја транспортираат марихуаната 137
километри без да бидат фатени.
Пленот, арачиновската група го носела со специјално купен камион со лажни
регистрации, дознава Телма.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











