Популарниот српски ТВ водител Огњен Амиџиќ е горд на љубовта што ја негува кон неговата сопруга Данијела Димитровска која има македонско потекло, но сепак открива дека убавата манекенка е таа што му дава стабилност на бракот и ги држи сите конци во нејзините раце.

„Мислам дека жената отсекогаш била столб на семејството. Не без маж, но сепак таа е некој што ги чува работите да останат заедно и е столб на стабилноста. Едноставно мислам дека на жените тоа им е во гените. Секако, и помагам, но нејзиниот став, сила и посветеност сепак ставаат сè на прво место, а јас сум тука за тоа да го поддржам, одржам и да и помогнам во сето тоа“ – посочува Огњен, откривајќи што е според него рецепт за среќен брак.

„Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, тоа е рецепт само по себе, затоа и нема кризи во нашиот брак. Сепак, сè што се случува во животот не може секогаш да оди во вистинска насока, има подеми и падови, но ако вистинската личност е до вас, тогаш според приоритетот и разбирањето за сè, работите сами се решаваат. Ако станува збор за личност со која можете да функционирате, со која сте направиле сè и кон која чувствувате нешто, тоа е автоматски приоритет, а сè друго доаѓа на свое“.

Огњен исто така се сети како се запознале тој и неговата сегашна сопруга.
„Данијела и јас се запознавме во емисја и таа ми остави фантастичен впечаток. Јас не сум класичен романтичар во однос на цвеќе и појадокот во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, иако Даниела реагира многу повеќе на оние работи што не се материјални“ – изјавил водителот за Супер ТВ.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










