Поранешниот шеф на израелската вселенска безбедност Хаим Есхед тврди дека вонземјани постојат и дека претставниците на “галактичката федерација”, како што тој ја нарекува, веќе стапиле во контакт со човештвото.
“Неидентификувани летечки објекти бараа да не објавуваме дека се тука, човештвото се уште не е подготвено”, рекол Есхед во интервју за весникот “Yediot Aharonot”.
“Постои договор меѓу американската влада и вонземјаните. Тие потпишаа договор со нас тука да прават експерименти”, тврди овој професор и пензиониран генерал. Есхед тврди дека на Марс постојат подземни бази во кои соработуваат претставници на вонземјаните и американски астронаути.

Вели и дека Доналд Трамп знае за постоењето на вонземјаните и дека таа информација речиси ја открил, но успеале да го одвратат од тоа за да не настане масовна хистерија.
“Тие чекаат човештвото да се развие и да достигне фаза во која општо ќе разбере што е вселената”, тврди Есхед.
Од Белата куќа одбиле да ги коментираат неговите тврдења, пишува “NBC News“, а портпаролот на НАСА рекол дека една од клучните цели на таа агенција е пронаоѓање на живот надвор од планетата Земја, но дека уште не го пронашле.

“Иако немаме пронајдено знаци за живот надвор од Земјата, НАСА го истражува Сончевиот систем и пошироко за да пронајде одговори на темелни прашања, вклучувајќи го и тоа дали сме сами во вселената”, рекол портпаролот.
Есхед своите тврдења ги изнел и во книгата “Вселена надвор од хоризонтот – разговори со професор Хаим Есхед” на авторката Хагар Јанаи.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















