Силите на НАТО, како што известуваат медиумите, забележале руски С-300 минатата недела, по тестирањето спроведено од грчката војска во источниот Медитеран.
Во неделата, турските медиуми објавија дека Грција извршила тестови на рускиот систем на полигон на островот Крит во Источниот Медитеран во близината на брегот на Турција. Тестирањата се извршени помеѓу 23 и 27 ноември, а турските медиуми пишуваат дека тестовите биле спроведени во присуство на американски, германски и холандски воен персонал.
Овие тестови покренуваат некои прашања, особено затоа што НАТО и официјален Вашингтон, силно се спротивставуваат на употребата на рускиот систем С-400 од страна на Турција.
Грчките медиуми претходно открија дека Атина веќе спроведе обука и тестови за лансирање ракети од рускиот систем, од полигонот на НАТО, Канате на Крит, и дека тестот е извршен во присуство на повеќето воени аташеа акредитирани во Атина.
Грција го купи рускиот систем од Кипар, кој не можеше да го активира поради турски закани, бидејќи во 1997 година Кипар беше принуден да се откаже од системот во корист на Грција, во замена за оружје и друга воена опрема.
Пред почетокот на најновиот грчки експеримент, турската новинска агенција Анадолија цитираше воени извори дека „тоа што Грција има намера да го стори е сериозна воздушна и ракетна закана со која се соочува Турција“, и дека „оние кои го креваат својот глас против Турција (се однесува на Соединетите држави и НАТО) сега молчат за активностите на Грција во врска со ова”.