NBA колумна на Димитар Младеновски-Драфт 2020

976

Ентони Едвардс е првиот пик на драфтот 2020 година, кој се одржа синоќа во необични услови (поточно он-лајн) поради панедмијата. Минесота одлучи на прво место да го одбере комбо бекот од универзитетот Џорџија. Новиот адут на “волците” има само 19 години. Лани имаше просек од 19 поени, 5 скокови и речиси 3 асистенции за 33 минути на теренот. Изборот на Едвардс претставува прв случај на играч од неговиот колеџ да биде избран во првата рунда по 2013-та година кога Детроит како 8-ми пик го избра овогодинешниот шампион, Кантевиус Калдвел-Поуп. Легендарниот Доминик Вилкинс е најдобриот играч кој го носел дресот на “булдозите”. Тој беше избран далечната 1983-та година како трети избор.Голден Стејт Вориорс го одбра високоиот и талентиран центар Џејмс Вајсмен како втор избор. Центарот кој својата единствена универзитетска сезона ја помина на универзитетот Мемфис, ке биде од голема важност за “воините” по исклучително несреќната ланска сезона исполнета со повреди и лоши резултати. Долг период беше сметан за прво име на годинешниот драфт. Неговата изјава дека не гледа иднина во тимот на Минеаполис беше главна причина што на тимот од Оукленд беше достапен за избор на позицијата број 2. Едно од најзвучните имиња во последните неколку години (високиот плејмејкер) ЛаМело Бол ќе игра во Шарлот Хорнетс. Тимот на Мајкл Џордан, не ја пропушти шансата да го “зграби” како трет пик. Неговиот постар брат (Лонзо Бол) веќе три сезони настапува во NBA лигата.Можеби најперспективниот играч кој доаѓа од стариот континент, Дени Авдија (крилото на Макаби Тел Авив) беше избран како 9-ти пик од страна на Вашингтон Визардс. За многумина претставуваше вистинско изненадување што Дени не беше избран порано па “волшебниците” успеаа да го ангажираат.На листата се најде младиот крилен кошаркар на Олимпијакос и репрезентацијата на Србија, Алексеј Пукошевски кој е одбран од страна на Оклахома Сити како 17-ти пик на драфтот. Ова е второ посериозно засилување за “грмотевиците” по ангажирањето на центарот Ал Хорфорд неколку часа претходно.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски