Нова фудбалска „бомба“ е најавена денеска во мадридскиот весник „Ас“, според кој Серхио Рамос ќе си замине од Реал Мадрид на крајот од сезонава и кариерата ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ.
Одличниот дефанзивец има договор со „кралевите“ до крајот на сезонава, упорно изјавува дека е подготвен да ја продолжи верноста, но не добива понуда од претседателот Флорентино Перез. Шпанските медиуми најавуваат дека Реал повторно ќе побара од своите играчи намалување на платите, што е доволна причина Рамос да почне да ги разгледува и останатите опции. Тука на сцена стапува ПСЖ, откако францускиот првак подготвил тригодишен договор за плата од 20 милиони евра по сезона, само за да го убеди Рамос да се пресели на „Паркот на принцовите“.
Рамос следното лето веќе ќе има 35 години и тоа ќе му биде одлична можност за последен договор за екстра-соработка. Тој досега во бројни ситуации потенцираше дека Реал му е на прво место, но пасивноста на „кралевите“ може да го промени ставот на легендарниот дефанзивец.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















