Тој е еден од најголемите балкански музичари, човекот на кој многумина од светската музичка индустрија му се поклонија.
Музичарот и текстописец Горан Бреговиќ може да се пофали со богато искуство кога е во прашање неговата кариера, но и странските соработки. Неговото богатство се проценува на 20 милиони долари. Бреговиќ е исто така пејач, но свири и гитара и бас, а неговите музички стилови вклучуваат рок, фолк, светски и филмски записи. Тој е најпознат по тоа што е водечки гитарист на групата „Бјело дугме“. Бендот е формиран во 1974 година и трае до 1989 година. Горан Бреговиќ сними неколку филмови, меѓу кои „Дом за бесење“, „Глув барут“, „Кудуз“, „Аризона сон“. Тој исто така компонираше песни за многу популарни уметници, вклучувајќи го и Иги Поп.
Деновиве за жал поминува низ многу тежок период во животот. Имено, тој погоден од загубата на сестра му Дајана, дошол во состојба на перманентна депресија, а семејството, ќерките и пријателите неможат да го утешат, никој не може да му помогне.
-Паднат е во депресија само молчи и плаче, а ќерките и сопругата Џенана залудно се обидуваат да го утешат, вели извор близок на Брета.
-Горан беше многу врзан за помалата сестра. Иако не живееле заедно бидејќи родителите на Бреговиќ биле разведени, со што сестрата живеела со таткои во Сплит, а тој кај мајкаму во Сараево, тој често престојувал во лето кај сестраму и многу ја сакал. Затоа нејзината ненадејна смрт тешко го погодила – објаснува изворот.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















