НАТАША ПОРАДИ СВЕКРВАТА ТРИ ПАТИ ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА, ПА СМИСЛИЛА НЕВИДЕНА ИДЕЈА КАКО ДА ЈА “СРЕДИ”

668

На многу едноставен начин, го решила својот најголем проблем.

Украинката Наташа Суслова (35) верувала дека нејзината свекрва Галина ќе го промени својот став кон неа кога ќе влезе во брак со нејзиниот син Олег (39).

Од првиот пат кога ја видела, Галина ја презирала Наташа, но не поради самата нејзе, туку проади фактот што Олег има некој кој за прв пат го сака, а да тоа не е неговата мајка.

Галина целиот свој живот го контролирала Олег и верувала дека со стапување во нивниот брак ќе го задржи доминантниот однос кон синот, по можност и кон својата снаа. Наташа погрешила што за доброто на фамилијарните односи го спуштила својот гард и голтала се живо што ќе и сервирала дрската свекрва. Дури и кога на Олег му родила син.

Галина толку многу се мешала во воспитувањето на детето уште од моментот кога се родило, што Наташа едноставно доживеала нервен слом. Притоа, нејзината свекрва постојано ја понижувала дека е смотана и глу па за мајка.

Наташа поради преголемиот стрес добила хормонско пореметување и недела дена поминала во болница. Сличен случај се случило и во наредните година дена иако го молела Олег малку да го смени своето однесување кон својата мајка и да застане во нејзина одбрана, таа едноставно барала да не биде постојано навредувана.

Олег се согласил на тоа, но неговите обиди биле премногу формални, така што со своите меки зборови кон својата мајка, работите ги направил уште полоши. Сепак, Наташа, престојувајќи последниот пат во болница се сетила на една финта која конечно можела да ја сопре Галина.

Мајката на Олег верувала во судбина и гледање во дланка и карти (иако тоа самата не знаела да го прави) а Наташа познавала личност која се занимава со тоа. По излегувањето од болница, ја наговорила својата пријателка да ја угости Галина, плаќајќи и сериозна сума на пари за услугата која би подразбирала лажно да и раскаже се најлошо за тоа што ја чека во животот.

Наивната Галина дошла кај жената со Наташа која глумела срдечност кон свекрвата.

“Гледам само многу лоши работи. Болни сте, нема долго да живеете, линијата на животот на дланката изненадно ви се прекинува. Имате и можен напад на улица. Мора да го промените начинот на исхрана и однесувањето кон луѓето околу себе. Во вас има премногу злоба, имате негативна енергија. Некој фрлил кл етва на вас одамна и единствениот начин да го избегнете она најлошото е да се промените”, изјавила пријателката на Наташа.

Галина била во шок и со денови не зборувала со никој. Наташа забележала дека свекрвата од ден во ден го менува односот кон сите од страв дека ќе умре, за на крајот да престане да излегува од домот за некој да не ја нападне на улица.

Наташа го променила животот на својата свекрва од корен, можеби го упропастила, но така го вратила својот мир и за прв пат добила хармонија во својот дом.