Пред неколку дена, пејачката Дара Бубамара замина на одмор во Занзибар, со своето 21-годишно момче Тони, и како што е напишано во српските медиуми, сето тоа всушност го финансира неговиот татко, бизнисмен од Италија.
Подароците и желбите ги исполнува и финансира партнерот на Дара кој „плива“ во пари, поточно неговиот татко, кој работи со ресторани низ цела Италија и важи за богат господин, пишува „Курир.рс“.
Близок пријател на Тони откри и што прави тоj.
ФОТО:ДАРА БУБАМАРА/ИНСАТГРАМ
Како што тврди, Тони не е премногу успешен во бизнисот, а неговата среќа е што неговиот татко е угледен бизнисмен кој заработува милиони. Точно е дека неговиот син му помага колку што може, но тој, наводно, не е ни приближно талентиран како неговиот татко и нема чувство за работа. Сепак, на неговиот татко воопшто не му пречи и е горд на својот наследник кој работи напорно, не е мрзелив и сака да заработи, па затоа му дозволува да троши пари каде и како сака, без ограничувања.
Како што понатаму се наведува, Дара и Тони во моментов престојуваат во еден од најлуксузните хотели, а бидејќи имаат посебен стан и директен излез кон базенот и плажата, за седум дена Тони плати околу четири илјади евра.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















