Неодамна една фотогрфија од Дубаи го обиколи светот и даде трошка надеж, но исто така стана симбол на бунт и отпор против коронавирусот.
Фотографијата ја објавил гинекологот Самер Чеаб од Обединетите Арапски Емирати, а го прикажува моментот со новороденчето кое му ја повлекува маската од лицето.
„Сите сакаме знак дека наскоро ќе ги тргнеме маските“, напишал докторот покрај фотографијата која собрала повеќе од 100.000 лајкови и многу коментари.
Чеаб за бразилското издание на „CNN“ истакнал дека мајката родила близнаци, но дека момчето е заслужно за овој симболичен потег.
„Второто бебе беше момче, го држев за неговиот татко да нè фотографира, а тоа ми ја повлече маската. Во тој момент сите се насмеаја“, рекол тој.
Овој доктор инаку на Инстаграм објавува фотографии со бебињата кои ги донел на свет, но оваа со брзина на светлината стана најпопуларна од сите.
„Веројатно причината е нејзината позитивност. Сите чекаме да ги тргнеме маските, затоа и стана вирална“, заклучил тој.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















