Стојанче Стоилов беше лидер на Вардар во победата над Флензбург (31-26) во Лигата на шампионите и забележа рекордна вечер – бројка од осум гола на една средба, што за него е рекорд во елитата.
Македонската „балерина“, како што коментаторите на ЕХФ милуваат да ја наречат, одигра феноменална средба за паметење. Даде осум гола од вкупно десет обида, а некои од нив беа навистина перфектни. Посебно ќе се памети „шраубата“, а нема да е изненадување ако таа е гол на колото во ЛШ.
- Сите голови на Столе Стоилов против Флензбург:
Доскорешниот рекорд во ЛШ на Столе Стоилов изнесуваше седум гола, на дуелот против Монпелје во февруари. Покрај за Вардар, тој има настапи во елитата и со тимот на Металург.
Триумфот над Флензбург за Вардар беше прв во новата сезона, по стартниот минимален пораз од Мешков Брест како гостин.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















