Кој модел на Porsche е најпродаван?

672

Porsche 911 е генерално најпопуларниот автомобил на познатиот германски производител, но во 2020-та година тоа не беше случај.

Првиот електричен автомобил на Porsche, моделот Taycan е најпродаваниот автомобил на компанијата со 1,183 продадени примероци во август, што е речиси четвртина од овогодинешната продажба.

Моделот 911 „благодарение“ на падот од 37% со 1,037 примероци се најде на второто место. Најпопуларниот џип на Porsche и натаму е моделот Cayenne со 711 продадени примероци.

Следуваа моделот Macan кој бележи голем пад на продажбата, потоа Cayenne Coupe со скок од 29%, а последните два модели се 718 и Panamera.