Со прецизен напад на азербејџанската армија, лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах беше сериозно ранет – рече помошникот на претседателот на Азербејџан!
Претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Араик Арутијан е сериозно ранет во нападот на азербејџанските вооружени сили, изјави помошникот на претседателот на Азербејџан, Хикмет Хаџиев, на брифингот во воениот информативен центар.
Со прецизниот напад на азербејџанската армија, лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах беше сериозно ранет – рече тој, како што пренесуваат светските медиуми.
Ерменија е терористичка држава. Азербејџан нема да остави никаков напад на таа земја без одговор. Би сакал да му се обратам на Араик Арутијан лично – вие се скривте во бункер, но азербејџанската војска ве најде таму – додаде тој.
Главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт, е под силен напад од азербејџанските сили.
Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменските воени сили го гранатираа градот Генджа, пренесуваат светските медиуми.
Според некои експерти, овој напад може да биде одмазда за нападот на азербејџанските сили, кои го бомбардираа градот Степанакерт, главниот град на спорниот регион Нагорно-Карабах, што е место на конфликтот меѓу двете страни.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















