Стара скопска Бирарија се наоѓала во денешна општина Кисела Вода со седиште лоцирана на улицата Томе Арсовски б.б. Со денешни архитектонски репери тоа би била реонот помеѓу улицата Огњан Прица и црквата Св. Петка.

Најстарата зачувана кригла за пиво привлекува внимание, како по нејзиниот необичен изглед и функционалноста така и по цртежот кој го има на неа, на кој е прикажана најстарата пиварница “Бирарија”. Криглата има издолжена форма, тесното грло се проширува кон дното, од страната има тенка полукружна рачка, а на самиот отвор на врвот метално капаче, со кое се затвора. Капачето е убаво, речиси филигрански изработено, и лесно се подига со движење на раката. Пиварницата “Бирарија”, која е прикажана на цртежот, изгледа како некој волшебен предел од бајките, блика зеленило и недопрената природа од планината Водно, која се наѕира над објектот на пиварницата. Прикажана е главната зграда, но и некои придружни простории кои се во нејзин состав.
Кога сме кај старо Скопје и пивото, да го споменеме домашното пиво „Аловина“ што се правело во тој период. Тоа се приготвувало со киснење и набубрување на јачмен или овес, потоа се сушело и се мелело за да се добие брашно. Од добиеното брашно се замесувало тесто со студена вода и се ставало на дното на некој сад. Врз него се поставувал вжарен камен и веднаш потоа садот се полнел со врела вода, по што доаѓало до вриење, односно ферментација. Така се добивал жолтеникав пијалак со вкус на денешното пиво.
Денес Пивара Скопје е автентична приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Патот кон успехот веќе 92 години е заснован на најомилените брендови на безалкохолни пијалаци и пива на нашиот пазар.

На фотографијата е најстарата сочувана пивска гајба која ја поседува Пивара Скопје.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












