Сведоштво на патник во авионот кој не можеше да слета во Скопје: „Само нездрав пилот би се обидел да слета во таа ситуација“

1041

Вака изгледаше небото во петокот попладне кога со А319 на Turkish Airlines бевме во холдинг чекајќи подобрување на времето во приодна зона на аеродром Скопје. Од друг агол, кога веќе немав батерија за фотографирање, го видов облакот кој беше „проблемот“ што не слетавме. Стануваше збор за силно развиен Cb, точно позициониран меѓу Велес и аеродромот. Само нездрав пилот би се обидел да слета во таа ситуација, пишува на Фејсбук Глигор Митковски, кој бил во авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој што поради лошите услови, наместо да следа во Скопје, се врати во Истанбул.