На пејачката Ријана, пред неколку дена ѝ се вклучил алармот во куќата во Лос Анџелес.
Полицијата веднаш дошла до куќата со автомобили и хеликоптер, пишува TMZ. Заклучиле дека алармот бил неисправен, па затоа се активирал, а во тој момент Ријана не била таму.

Полицијата брзо реагирала поради непријатната ситуација кога Едуардо Леон, во мај оваа година ѝ влегол во домот, го онеспособил алармот и ја поминал ноќта во нејзиниот кревет. Ријана тогаш била во Њу Јорк, на “Met Gala”. Кога излегувал од куќата, полицијата морала да го совлада со електро-шок, за да можат да го приведат. Тогаш изјавил дека влегол во куќата на Ријана “само за да има секс со неа”. Конечно обожавателот е обвинет за кривично дело за следење и провалување, па пуштен е од притвор со кауција од 150 илјади долари.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

