Новиот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски, денеска на прес-конференција најави доизградба на автопатот Охрид – Кичево, како и изградба и реконструкција на неколку патни правци.
„Продолжуваме интензивно на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран“, рече Бочварски.
Министерот за транспорт најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар. Истовремено се врши проектирање на изградба на нов автопат Кичево – Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион. Бочварски најави изградба на автопатот од Скопје до Блаце.
Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















