Некогаш позната како Јованка Житарова, а денес само Јова, по една деценија пауза се враќа на сцена со новата песна „Сама своја среќа“. Зад оваа песна како автори се запишани Робер Билбилов, кој ја направи музиката и аранжанот, во чие студио е и снимена, а текстот е на Ксенија Николова.
По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема нешто поинакво од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт, како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Сама своја среќа“. Ова е само почеток од нашата соработка. Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата македонска убава песна, секако корените не смеат да се заборават, но решив да направам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив, вели Јова.

Спотот е снимен во „Зонде“ продукција на браната Козјак. Во него таа е претставена како слободна, сама и среќна жена.
Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам. Дека на човек најважно од се е личната среќа, додава таа.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


