Откако се појави на сцената, Саша Ковачевиќ стана омилен кај девојките и жените поради неговиот изглед и баладите што ги пее, а малкумина знаат дека неговиот брат може да застане рамо до рамо со него и по музичкото знаење и умеење и според физичкиот изглед и заводливата природа.

Братот на Саша, раде е човекот кој ги има напишано некои од најпознатите хитови за фолк ѕвездите од поновата генерација на „Гранд“ и „Пинк“.

Тој е студиски музичар, поточно музички продуцент, кој работи во нивното семејно студио, но и во видеопродукцијата „Ковачевиќ“.

Раде покрај тоа што изгледа исто толку мускулесто и атрактивно како и Саша, тој исто така е и голем заводник.

Тоа го поткрепува и фактот што тој беше во сериозна врска со фолк пејачката Милица Тодоровиќ, пред нејзината неуспешна љубовна авантура со црногорскиот актер Петар Стругар.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















