Србија денес и официјално се откажа од планираното учество на воените вежби со Русија и Белорусија после притисокот од Европската унија, потврди српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.
Соседна Србија која е кандидат за членство во Европската унија, но истовремено има традиционално пријателски односи со Русија, требаше во септември заедно со руските и белоруските сили да учествува на воените вежби „Словенско братство 2020“ во Белорусија.
„Побараа од нас, по цена на откажување од нашата европска иднина, да ја откажеме планираната воена вежба со Белорусија“, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Како што додаде српскиот министер, неговата земја која е „воено неутрална“ била изложена на „незаслужен силен притисок од Европската унија“ и поради тоа на шест месеци ќе го замрзне учеството во воените вежби со сите свои партнери.
Србија и Белорусија негуваат пријателски односи и во посета на Белград во декември минатата година беше белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Воените вежби треба да се одржат во втората половина на септември во близина на градот Брест на југоистокот на Белорусија, а најавено е учество на 1500 војници.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












