ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности во рамки на основната дејност на претпријатието, секојдневните активности за подобрување и унапредување на водоводната и канализациската мрежа во град Скопје, како и имплементацијата на стандардот ISO14001 – Систем за управување со заштита на животна средина, спроведува и општествено одговорни активности.
Во рамки на спроведување на општествено одговорните активности, ЈП Водовод и канализација – Скопје на почетокот на месец август 2020, во знак на одбележување на Светската недела на водата (24 – 28.08.2020), ја започна кампањата насочена кон подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и системот за одведување на урбани отпадни води под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“.
„Кампањата ја насочивме кон јавноста, од која сите сме дел, посочувајќи ги грешките кои се прават и последиците со кои се соочуваме како резултат на тие грешки; истакнувајќи ги факторите кои влијаат врз системите, начинот на кој влијаат и што ние како поединци можеме да направиме за да ги заштитиме. Сакаме и работиме на поткревање на јавната свест за одговорност и совесно однесување со цел постигнување на долгорочни промени во секојдневните навики, заштита на општествената и животната средина“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Овој дел од кампањата го завршуваме заедно со вас граѓаните, вашите и наши совети за заштита на водоснадителниот и системот за одведување на отпадни води.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















