И по четири недели од бруталното тепање на 14 месечното бебе кое во многу тешка состојба заврши на скопските клиники, полицијата се уште не открила кој е насилникот. Од МВР велат дека се уште работат на случајот и по барање на Обвинителството истрагата ја прошириле со проверка на ДНК од крвта пронајдена на зидовите во домот каде престојувала 20 годишната мајка со малото девојче, објавува Сител.
Постапено е по наредбата на обвинителство и извршени се побараните вештачења за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. Обвинителството го очекува пристигнувањето на Извештаите по што ќе следи нивна анализа, велат од обвинителството за Сител .
И додека надлежните ги бараат виновниците, 14 месешното бебе се уште е на Детска хирургија и според лекарите полека се опоравува. Почнало да реагира на околината а пред 5 дена неврохирурзи направиле и операција на главата каде имало најмногу повреди. Се уште е неизвесно дали целосно ќе го изгуби видот или ќе може да гледа на едното око а детски хирурзи се сомневаат дека може да има последици и во говорот и движењето.
Малото девојче беше примено на Ургентен на 7-ми овој месец со скршеници на черепот, крварење во мозокот, фрактури на нозете, неухрането и дехидрирано. Од повредите беа шокирани и лекарите, кои по направените дијагностички процедури увиделе дека бебето речиси постојано било тепано и малтретирано.
Од Министерството за труд и социјала му одредија старател кој постојано оди на Детска хирургија, а по излегување од болница ќе биде сместено во згрижувачко семејство. Мајката, која излегла од Дом за деца без родители, е сместена во Шелтер центар.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











