За само три недели му починале две деца: Лери Кинг не можел да се помири со губитокот на синот и ќерката

77

Познатиот Лери Кинг почина вчера на 87-годишна возраст
Легендарниот американски водител, доживеа голема трагедија ова лето, кога неговите две деца починаа за само три недели.
Во јули, посвоениот син на славниот водител, ненадејно почина на 65-годишна возраст од срцев удар, а само три недели подоцна, ќерката на Лери Кинг ја загуби битката со ракот на белите дробови. Водителот, кој веќе беше во многу тешка ситуација, не можеше да се помири со нивната загуба, поради што многумина сметаат дека тагата го забрза неговото заминување. Поради пандемијата на вирусот корона, тој не можел да присуствува на погребот на неговите најблиски, што дополнително го скршило.

Лери страдаше од дијабетес, имаше неколку срцеви удари, а исто така страдаше од рак на белите дробови. На 2 јануари тој бил примен во болница со симптоми на коронавирус.