Лавина реакции на социјалните мрежи откако се увиде дека енергетските компании немаат намера да побараат нова одлука за цената на струјата и откако од преносниот систем Мепсо соопштија дека на граѓаните не им пречат повисоки сметки за мобилен и интернет туку само за струјата.
Во меѓувреме дел од експертите по енергетика им порачаа на граѓаните да се насочат кон енергетска ефикасност за да го ублажат ударот од новиот скок.
На стивнуваат ниту партиските препукувања околу новата цена. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за да не поскапи струјата треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач.
Од Регулаторна веќе посочија дека ќе ја повлечат одлуката за новата цена само ако за тоа се сложат енергетските компании. Но според нивните реакции новата повисока цена засега останува на сила.
Струјата поскапе за 7,4 проценти. Новата цена граѓаните ќе ја платат во сметките за август кои ќе им бидат доставени во септемрви. Од РКЕ објаснија дека зголемувањето главно се должи поради кризата со вирусот и намалените приходи на енергетските компании.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















