Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот, се врати на работното место, потврдуваат од клиниката за „ТВ24“.
Билјановска заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра.
Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа, а во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација.
Ваквото однесување на докторката тогаш го осуди министерот за здравство и колегите од фелата.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















