Лето, време на годишни одмори, во пресрет на најголемиот државен празник – Илинден, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот. Искуството и статистиката од минатите години покажуваат дека ова е најризичниот период од годината кога е во прашање безбедноста во патниот сообраќај. Следуваат денови кога се одбележува еден од најголемите национални и верски празници, сезона е на годишни одмори и продолжен викенд. Интензитетот на сообраќајот повекратно се зголемува, се зголемува сообраќајниот метеж, опуштена празнична атмосфера, со многу забава и алкохол.
Затоа, РСБСП потсетува дека единствениот услов за безбеден сообраќај за време на овој продолжен викенд и празничните денови е максимално да ги почитувате сообраќајните правила и прописи, да ги почитувате правилата за ограничување на брзината, да ја прилагодувате брзината согласно условите на патот и да не управувате моторно возило под дејство на алкохол. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација.
РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот:
Бидете смирени во сообраќајот и не се однесувајте агресивно во сообраќајот. Агресивното и нервозно учество во сообраќајот нема да ја намали гужвата и сообраќајниот метеж.
Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила.
Бидете фокусирани и концентрирани во сообраќајот и не користете мобилен телефон и други технички помагала за време на управувањето со возилото.
Прилагодете ја брзината кон моменталните услови на патот и ситуацијата во која во моментот се наоѓате.
Држете безбедно растојание помеѓу возилата.
Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
Направете техничка проверка на возилото и бидете сигурни дека вашето возило е подготвено за безбедно патување.
Користете сигурносен појас и соодветно детско седиште.
Проверете го товарот пред да тргнете на пат и товарете го вашето возило умерено и согласно препораките на производителот.
Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот – возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не учествувате во сообраќајот под дејство на алкохол и психотропни супстанции.
Учествувајте одговорно во сообраќајот и не дозволувајте најголемиот државен, национален и верски празник да се претворат во нечија семејна трагедија.
РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита големиот национален и верски празник – Илинден и им посакува безбедни патувања и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот !
Честит 2-ри Август! Честит и вечен ИЛИНДЕН!





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



