Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио, синоќа ја загуби битката со коронавирусот.
Меловски беше сопруг и татко на две деца, а неговите колеги утринава на социјалните мрежи се простуваат и изразуваат сочувство на семејството на познатиот диџеј.
Се огласи и неговата неутешна сопруга, Наташа Меловска.
„Нема зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја“, напиша Меловска на својот Фејсбук профил.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















