Анабела пробала да се самоубие

1021

Анабела Атијас пробала да се убие пред „Задруга“. Била во лоша психичка состојба и измешала алкохол со таблети се со цел да го прекине својот живот.

Се одлучила на овој чекор додека нејзината ќерка била во „Задруга“, а таа минувала низ развод.

Анабела едвај ја прежиева „Задруга 1“ и аферата на Луна и Слоба и психичката состојба и се влоши. Во истиот период Андреј ја напушти и се отсели од станот. Капката која што ја прелила чашата била кавгата меѓу Луна и Марко, а тоа Анабела ја доведе до нервен сло,м, па одлучи да крене рака на себе, открил извор близок до пејачката.

Од сигурна смрт во последен час Анабела ја спасил Андреј Атијас.

Додека таа вечер беше во нервно растројство му праќаше пораки на Андреј. Во последната се прости од него и му се извини за се лошо што му направила и му порача дека тој засекогаш ќе остане нејзина најголема љубов, а потоа го исклучи својот моиблен телефон. Андреј сфати дека нешто не е во ред, се качи во автомобил и отиде во станот. Ја виде во несвесна состојба и панично повика брза помош. Лекарите пристигнаа веднаш, ја однесоа во болница и и го спасија животот, додал изворот.