Од „Space X“ сè уште службено не се огласија за тоа што точно се случило, но видеото кажува многу.
Додека Илон Маск и екипата на „Space X“ чекаат небото над Флорида да ‘се смилува со нив’, за на ракетата „Falcon 9“ да ја постават капсулата „Crew Dragon“ со двајца американски астронаути, тие својата претпазливост ја насочиле кон друг проект.
Леталото „Starship“, треба да биде темел за остварување на сонот на Маск – за летот до планетата Марс, и истото ги поминува тестовите во базата во Тексас.
Тестирањето кое што се одржа во петокот требало да ги тестира моторите на самото летало, но и да овозможи ‘скок’ од сто метри во воздухот, по што леталото би се спуштило на лансираната рампа откаде што тргнало.
Но, исто како и претходните три „Starship“ летала и ова четврто уништено е во импресивна експлозија во текот на тестирањето.
До експлозијата дошло во состав на тестирањето кога ги покренале моторите Raptor, а според првичните информации за експлозијата ‘одговорно’ е протекување на горивото.
Погледнете го видеото:









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











