Во последните 24 часа бројот на заразени од коронавирус повторно се зголеми. Од Комисијата за заразни болести за “Фактор” потврдиле дека бројот на нови позитивни случаи од Ковид-19 изнесува 58.
Од Комисијата навеле дека ваквиот скок можел да се очекува, посебно по укинувањето на рестриктивните мерки, пишува “Фактор“.
Според неофицијални извори, најмногу заразени има во општините Сарај, Чаир и Бутел.
Потсетуваме, од среда, 27-ми мај, Владата го укина полицискиот час кој беше на сила два месеци, а од четвртокот работат и угостителските објекти.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































