Водителот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов деновиве во карантин ги минува во Дојран. Друштво му прави и планинарката Илина Арсова со која Џамбазов е неразделен, а дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство доказ се фотографиите кои што и двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи каде може да се види дека уживаат во меѓусебното дружење.
Најмногу внимание привлече последната фотка во низата на која стандардно позираат Игор и Илина со широки насмевки на лицата, а под неа Џамбазов напишал:
Ние младите денес празнуваме вака…
Истата наиде на многу позитивни коментари, лајкови и реакции, а актерката Весна Петрушевска им порача дека кумата ( односно таа) наскоро доаѓа да им се придружи во Дојран.
Дали оваа љубов ќе биде крунисана со брак, па Весна навистина ќе им биде кума останува да почекаме и да видиме…



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















