Згодната манекенка Адријана Лима објавила жешка фотографија на социјалните мрежи со која ги израдувала своите бројни фанови.
Таа иако е во петтата деценија од животот, тоа не ја спречува да биде најголема “бомба” на плажите во Мајами.
Бразилската убавица објавила фотографија во минијатурен костим за капење, додека уживала на лежалката, а на глетката не може да одолее ниту еден маж.
“Благодарна сум што можам да бидам со своите деца и пријатели во Мајами”, напишала манекенката додека следбениците на социјалните мрежи воглавно ја коментирале нејзината провокативна поза.
Инаку, манекенката неодамна била “фатена” во друштво на српскиот кошаркар и нејзин поранешен сопруг, Марко Јариќ, а американските медиуми пренесуваат дека нив ги зближила пандемијата на коронавирусот.

Јариќ и Лима уживале заедно со своите ќерки, а папараците ја забележале целата ситуација. А дали Марко ѝ прави друштво на прекрасната манекенка и сега во Мајами, останува мистерија…























![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















