Грчките власти донесоа одлука дека во сабота(16 мај) ќе ги отворат плажите ширум земјата.
Дозвола добија 515 плажи, а забрането е користење на т.н. „диви плажи“.
Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопшти дека во иднина задолжително ќе биде евидентиран бројот на посетители на плажите.
Максималниот број на посетители е 40 на 1.000 метри квадратни, а минималната оддалеченост од еден до друг чадор е 4 метри, а под еден чадор може да има најмногу две лежалки на 1 метар оддалеченост.
Лежалките, по заминувањето на секој од гостите, ќе бидат дезинфицирани од страна на вработените кои постојано мора да носат маски.

На плажата ќе биде забрането консумирање на алкохолни пијалоци.
Плажите ќе се отвораат од 8 часот наутро.
Патувањата на островите на Грција се ограничени. Владата размислува да дозволи патување до островите кои се најблиски до Атина, најверојатно од 18 мај.
Најверојатно, Владата на 1 јули ќе даде дозвола за отворање на хотелите, но само за оние коишто работат во текот на целата ходина, но не и сезонските.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)



















