Ји Сеонг-хо, кој побегнал од Северна Кореја и станал пратеник во јужнокорејскиот парламент, вели дека е 99 проценти сигурен дека Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е починат и дека власта ќе ја преземе неговата сестра.
Ји навел дека е известен дека Ким починал пред една недела и дека Пјонгјанг таа вест би можел да ја објави во текот на викендот.
Според неговото мислење, можно е истовремено да биде соопштено дека за наследник на Ким ќе биде избрана неговата сестра Ким Јо-Јонг.

Ји прецизирал дека е известен дека Ким починал минатиот викенд за време на кардиоваскуларна операција, пренесува Mirror.
Додал дека Северна Кореја не ја соопштила веднаш веста за смртта на својот лидер и прогласила период на жалост, бидејќи се соочува со комплицираното прашање за сукцесија.

Ким не е виден во јавност од 11-ти април кога претседавал на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија.
Шпекулациите за неговото здравје и тоа каде се наоѓа се засилени откако не присуствувал на прославата на роденденот на Ким Ил Сунг, 15-ти април, кој е најважен национален празник.

Светските медиуми од тогаш пишуваат дека здравствената состојба на Ким Јонг Ун е нарушена, а многумина шпекулирале и дека е жив.
Во медиумите кружеле информации дека тој бил подложен на кардиоваскуларна операција и дека после неа е во вегетативна состојба, но тие информации не биле официјално потврдени.

На социјалната мрежа Veibo се појавила и фотографија на која Ким е во стаклен ковчег, но не е потврдено дали е истата автентична или монтирана.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















