Министерството за здравство и солидарност од Франција, издало соопштение во кое што се истакнува дека првпат еден третман покажал ‘охрабрувачки резултати’.
Од дописник од Париз: спасувачкиот лек би можел да биде ‘тоцилизумаб’!
Во исчекување на вакцината, која што единствено може да го ослободи светот од коронавирусот, француското Министерство за здравство и солидарност, издало соопштение во кое што се истакнува дека првпат пронајден е третман кој што покажал ‘охрабрувачки резултати’, а станува збор за горенаведениот лек.
„Констатирано е дека пациентите кои што се тестирани на ‘тоцилизумаб’, покажуваат помала потреба за респиратори и помал број смртни случаи во текот на двонеделното следење. Тоа е првиот лек со значајни ефекти кој што се забележани во текот на едно клиничко испитување“ – истакнато е во соопштението.

Испитувањето завршило во рамките на францускиот Национален институт за здравје и истражување, а покренато било по заклучокот дека организмите инфицирани од Ковид-19, понекогаш лачат молекули кои што фаворизираат воспаление.
Од министерството порачале дека овие ‘први охрабрувачки резултати’ ќе бидат објавени по мислењето на стручниот комитет. Исто така тие додале дека потребно е да се направат дополнителни испитувања за да се потврди интересот за овој третман.
‘Тоцилизумаб’ е првиот лек кој што добил ваков охрабрувачки и официјален заклучок. За сите останати третмани, вклучувајќи го и хлорокинот, околу кој постојат многу полемики, претходно беше утврдено дека може да се користат само под строг надзор од доктори, но без ваков експлицитен став.
Нагласено е дека потребно е да се продолжи истражувањето на другите молекули. Во клиничките испитувања во Франција моментално учествуваат 2.000 луѓе.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















![[ВИДЕО] Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/09/FAmH9-raspravija-vo-pd-printscreen-od-video-100x70.jpg)