Има 54 години, а се облекува како да има 24: Актерката не пропушта можност да се соблече во костим за капење!

990

Елизабет Харли редовно објавува фотографии на Инстаграм и речиси на сите е облечена во костим за капење.

Актерката Елизабет Харли (54) изгледа двојно помладо и тоа е факт. Меѓутоа, обожавателите ѝ замеруваат што никогаш не се облекува пристојно. Деновите ги минува во својата вила, на базен и во костим за капење. А кога ќе се облече, тоа е минимално.

Така било и овој пат, кога го прославла осумдесеттиот роденден на својата мајка Анџела. На фотографијата среќно позирала покрај мајка ѝ, облечена во кратки тексас шорцеви и кошула врзана високо околу градите, покажувајќи го деколтето.

Со баба му се сликал и синот на Елизабет, Дејмон, познат модел кој неверојатно многу потсетува на мајка му.

Изгледа дека младешкиот изглед на Елизабет се должи на добрите гени. Без оглед на младешкиот изглед, многу обожавателите ѝ порачуваат на Елизабет понекогаш да облече и нешто што не е костим за капење.