Фотографија која го насмеа интернетот: Немал заштитна маска, па се снашол со ова

997

Недостатокот од заштитни маски ширум светот сред пандемијата на коронавирусот натера многумина да се обидат да направат свои импровизирани маски за да се заштитат од потенцијална зараза.

Така, луѓето на своите лица носат разни крпи, сунѓери, маски за нуркање…

Сепак, еден постар господин отишол еден чекор понаред – наместо заштитна маска, тој на лицето ставил хигиенска влошка.

Треба да му се оддаде признание – сепак колку-толку се заштитил, а пропратно расположил и насмеал илјадници луѓе на интернет. Секако, доколку сакате дополнителна заштита, користете хигиенска влошка со крилца – се шегуваат корисниците на социјалните мрежи.