Генералниот секретар на СДСМ пред неколку дена правеше свадба. Меѓу гостите беа високи функционери на СДСМ, но и директорката на Кожна клиника за која денес беше потврдено дека е заболена со коронавирус.
Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот викендов била во друштво на пола СДСМ кои беа гости на свадбата кај Николовски.

Меѓу гостите на оваа свадба беа и екс-премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, екс-разузнавачот Верушевски и други бројни високи партиски и владини функционери, меѓу кои и директори поставени од партијата. Меѓу нив и директорката која има коронавирус.

Кај социјалдемократите во моментов владее страв од коронавирусот, па покрај нервозата за изборните листи, сега имаат многу поголем проблем.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















