Американец од Тексас кој го снимаа како лиже сладолед и го враќа назад во фрижидер од продавница доби затворска казна од 30 дена.
Снимката на Д’Адриен Андерсон беше објавена на социјалните мрежи, а потоа стигна и до американските медиуми. На видеото се гледа како тој вади кутија сладолед од фрижидер, го лиже и го враќа назад.
Покрај тоа што доби 30 дена затворска казна, тој исто така доби и шест месечна условна казна, 100 часа неплатена работа и 1000 долари парична казна. Ќе мора да ѝ плати и 1,565 долари на компанијата која го произведува сладоледот.
Андерсон и неговиот татко подоцна се вратиле во продавницата на вработените да им ја покажат сметката дека го купиле сладоледот, но и покрај тоа компанијата која ги прави сладоледите ги повлекла сите сладоледи од продавницата.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















