Најдобриот женски вокал на овие простори – Марија Шерифовиќ во понеделник доаѓа во Скопје на дружба со своите фанови, но и да ги открие деталите за нејзиниот концерт закажан за на 3. август на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Шерифовиќ од Белград ќе пристигне со својот личен возач, а веднаш по нејзиното доаѓање таа ќе биде гостинка во специјална емисија на „1Тв“, а во 20:30 во трговскиот центар „Сити Мол“ ќе се сретне со своите обожаватели каде ќе дели автограми и ќе се фотографира.
Инаку нејзиниот концерт е закажан на 3. август на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а влезниците за истиот може да ги купите преку продажните места на „мк-тикетс“, Градскиот плоштад во Скопје, градскиот плоштад во Охрид и „Сити Мол“.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















