Турските власти го уапсија капетанот на авионот на компанијата „Пегасус“ по авионската несреќа на почетокот на овој месец во Истанбул.
Патнички авион на турската авиокомпанија „Пегасус“ на почетокот на февруари излета од пистата на истанбулскиот аердором „Сабиха Гокчен“, при што три лица го загубија животот, а 179 беа повредени.
Авионот кој леташе од Измир кон Истанбул излета од мократа писта и падна во канал, а трупот на леталото се распадна на три дела. Засега не се познати точните причини за излетувањето на авионот и дали станува збор за грешка на пилотите.
Како што пренесуваат турските медиуми, по несреќата биле испрашани двајцата пилоти на авионот, а едниот од нив, капетанот Махмут Арслан бил уапсен во текот на вчерашниот ден.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












