Керолин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Љубовен остров“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Славната водителка имаше 40 години.
Веста за смртта ја потврди нејзиното семејство, а Би-би-си пишува дека водителката си го одзела животот.

„Можеме да потврдиме дека нашата Керолин почина на 15-ти февруари. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти и ги молиме медиумите да не се обидуваат да не контактираат или фотографираат“, стои во соопштението од нејзиното семејство.
Керолин ја водеше и британската верзија на шоуто „Икс Фактор“. Местото водителка на „Љубовен остров “ го загуби откако беше уапсена зошто физички го нападнала своето 13 години помладо момче, Луис Бартон, поради порака која ја нашла во неговиот мобилен.

Водителката требало на 3-ти март да се појави на суд поради инцидентот.
Керолин се самоубила откако ѝ потврдиле дека нејзиниот случај ќе продолжи.
Но, покрај судската забрана за каков било контакт до судењето, 27-годишниот Луис на Инстаграм објавил нивна заедничка фотографија на Денот на вљубените, само еден ден пред смртта на водителката, во чиј опис порачал:
„Среќен Ден на вљубените. Те сакам.“

















![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)



















