Еден анонимен маж на Редит се пожалил дека неговата девојка не му дава да ја гледа популарната ТВ серија “Game of Thrones” бидејќи е – љубоморна.
“Гледам “Game of Thrones”. Мојата девојка за првпат ја гледаше вчера. Кога се разбудив, таа беше бесна и зборуваше дека “во серијата нема ништо освен гради”, а потоа почна да ме напаѓа дека тоа е единствената причина поради која ја гледам. Ѝ кажав дека тоа не ме возбудува и дека е љубоморна на тоа што гледам ТВ серии, а таа го негираше тоа. Исто така, претходно ме натера да го гледам “Magic Mike” со неа, па мислам дека тоа се двојни стандарди. Таа сега не зборува со мене, дали сум виновен?”, напишал несреќниот фан на Редит, а повеќето корисници застанале на негова страна.

“Тоа е сосема ново ниво на љубомора. Твојата ситуација ме прави тажен. Не си виновен”, “Никогаш нема да разберам такви работи во врска”, “Никогаш не ги разбирам ваквите работи бидејќи не сум љубоморна личност. Јас со мојата вереничка гледам серија и потоа расправаме кој е најпривлечен”, “Бегај од неа”, “Зошто го трпиш тоа?”, се само дел од советите кои му ги дале корисниците на оваа платформа.