Српските медиуми „чепнаа“ по љубовното минато на Каролина Гочева

217

Беше со сурови богаташи, Каролина го крие љубовното минато како змија нозете, а на крајот се омажи за шест години помлад сликар, вака гласи насловот на српскиот портал Блиц.рс кој пишува за нашата популарна пејачка Каролина Гочева.

За разлика од тоа колку српските јавни личности се застапени кај нас, за нашите пак поретко може да се прочита нешто кај нив, баш како во случајов, но сепак не е нешто досега непознато за нашата позната пејачка.

Каролина секогаш е резервирана во поглед на приватноста, девиза по која се води години наназад, но нејзиниот приватен живот, вака или така, делумно секогаш излегувал на виделина.

Српскиот медиум решил да расчепка по љубовното минато на Гочева и хронолошки да ги објави нејзините поранешни романси кои не се непознати за јавноста.

Приказната ја почнуваат со нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин, па пишуваат:

ФОТО:КАРОЛИНА ГОЧЕВА/ИНСАТГРАМ

На 23.09.2017 година, Каролина се омажи за шест години помладиот сликар Мајкл Корубин.

Пејачката во интервју рече дека тие се сретнале додека ја сликале насловната страница на нејзиниот албум „Извор“, а подоцна се венчале во необичен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот Петровец кај Скопје.

ФОТО:КАРОЛИНА ГОЧЕВА/ИНСАТГРАМ

Михаил Корубин потекнува од уметничко семејство, неговиот татко Рубенс е добро познат македонски сликар, а неговата мајка Лиле Корубин е дизајнер. Михаил е магистер за ликовни уметности и неговите дела се изложени во Софија, Торонто, Њујорк.

Кон крајот на 2011 година, Каролина се забавуваше и со Николас, богат Грк кој живее во Битола, каде има своја фабрика за текстил. Со него почнала да се забавува кога на крајот на летото ја раскина врската со младиот скопски бизнисмен Јован Пановски.

Изминатите четири години македонската пејачка беше во врска со Дино Балиќ, а пред тоа кратко се забавуваше со Михајло Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, завршува написот за Каролина, очигледно со недовршено истражување околу темата.

ФОТО:ЧЕДО ПОПОВСКИ/КАРОЛИНА ГОЧЕВА/ИНСАТГРАМ

Веројатно не успеале да изгуглаат и за нејзиното долгогодишно момче Гроздан, за кого сите паметат дека постави билборди низ Скопје на кои пишуваше „Каролина, те сакам“.

Што останато има од љубовните врски на Каролина, најдобро знае самата, а минатото како минато, е онаму каде што и припаѓа.