Времето во земјава во текот на денот ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. По котлините претпладне ќе се задржи облачно и магливо.
Утринската температура ќе се движи од минус два до еден степен, а дневната температура ќе се движи од шест до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до шест степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















