Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да ја запиша втората победа на Европското првенство со која ќе беше поблиску до втората фаза на овој континентален собир. Во рамки од второто коло од групата Б, нашите момци изгореа во желба да ѝ сервираат одмазда на Чешка и го забележаа првиот пораз на овој собир (27-25).
Организаторот на играта на Македонија, Филип Кузмановски жали за пропуштената шанса против Чесите и спортски му честита на противникот на победата.
„Честитки за противникот одигра одличен натпревар, имаше неколку ракометари кои ни правеа многу проблеми во одбраната. Плус го разигравме десниот бек кој е нивниот најдобар шутер, а свои моменти имаше и нивниот голман. Со овој пораз до втора фаза ќе се бориме по потешкиот пат, а тоа е победа против домаќинот Австрија“, рече ракометарот на Магдебург.
Последен противник на Македонија во првата групна фаза е домашната селекција на Австрија, натпревар кој се игра за два дена со почеток од 18:15 часот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











