Станува збор за 47-годишен стручњак, кој има работено во екипите на Загреб, Мешков Брест и на Горење Велење. Како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год, а како предводник на „коцкестите“ дојде до бронзениот медал на Европското првенство во Полска во 2016 година го освои.

„Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола“, велат од управата на Еурофарм Пелистер.
Новиот предводник на битолчани во македонската ракометна јавност најмногу е познат по неочекувано пролеаните солзи на прес-конференцијата по победата на неговиот тогашен клуб, Мешков Брест, како гостин против Металург, на чија клупа седеше неговиот сонародник и ментор, Лино Червар.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















