Луѓето со неверување ги гледаат фотографиите од Бред Пит на доделувањето на Златниот глобус: “Дали е можно вака да изгледа?”

857

Бред Пит се појавил на овогодишното доделување на Златниот глобус, а луѓето се шокирани од неговиот изглед.

56-годишниот холивудски актер предизвика воодушевување и чудење со својата појава која, како што забележуваат фановите, не е ништо поразлична од онаа во 1991 година кога Пит ѝ стана познат на пошироката јавност.

Фотографиите набрзо започнаа да се шират по социјалните мрежи, а луѓето се прашуваат дали е можно човек на 56 години да изгледа како Бред Пит.

“Изгледа речиси доволно младо и за Леонардо Ди Каприо”, се шегуваат корисниците на Твитер, алудирајќи на опсесијата на Лео со манекенките помлади од 26 години.

“Дали е вампир?!”, “Тој е Бенџамин Батон во реалниот живот. За него времето е застанато”, се само дел од коментарите за изгледот на холивудскиот убавец.

Се споредуваат фотографии од неговото прво доделување на Златниот глобус со фотографиите од оваа година и луѓето велат дека практично нема никаква разлика.

Но, главното прашање е – како Бред успева да го одржи својот младешки изглед? Додека едни велат дека станува збор за добра генетика, други се сомневаат дека тој вложил голема сума на пари за да изгледа како што изгледа. Што мислите вие?