Се проценува дека пет отсто од населението во државава односно 147.000 луѓе би заболеле од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Најчести причини за заболувањето се пушењето, аерозагадувањето и работа во несодветни работни услови. Аерозагадувањето ја влошува состојбата кај пациентите со ХОББ, астма, а со пушењето има влијание и во однос на зголемувањето на бројот на пациенти кои би добиле карцином на белите дробови. Не само мажи, туку и се поголем број жени заболуваат од карцином на белите дробови, кај кои ПМ честичките помали од еден микрометар се депонираат најдлабоко во дишните патишта и тие можат да бидат еден од факторите за болеста.
Ова денеска го истакна директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ на прес-конференција по повод одбележувањето на Светскиот ден на ХОББ. Тој препорача пациентите со ХОББ да носат маски кога излегуваат надвор, а е високо аерозагадувањето. Се предвидува, посочи, дека идната година ХОББ ќе биде трета најчеста причина за смрт од сите болести во светот.
– Од Министерството за здравство добивме 3.500 маски кои ги делиме на пациентите. Кога се дома овие пациенти не треба да ги отвораат прозорците, редовно треба да ја земаат пропишаната терапија и да внесуваат голема концентрација антиоксиданси, витамин Ц и Е…Имаме податок дека 37 отсто од населението во државава пуши. Во сите развиени земји се води грижа за населението и го ограничуваат во однос на пушењето или ги стимулираат тие кои не пушат. Според мене, уште од најмала возраст треба да се укаже на штетните последици од пушењето, рече д-р Докиќ.
Додаде дека во опаѓање е бројот на хоспиталните пациенти, а на амбулатските пациенти е ист.
Доктор Бисерка Ќаева рече дека кислородната поддршка е неопходна за овие пациенти кај кои снабденоста на крвта со кислород е ниска и како резултат на тоа не страдаат само белите дробови, туку и срцето, мозокот и ендокриниот систем…
– Потешко болните пациенти кои немаа кислородна поддршка во домашни услови беа хоспитализирани и примаа терапија. Сега благодарение на апаратите кои обичниот кислород го прават подобен за инхалирање во домашни услови, пациентите минимум 16 часа во текот на денот го користат кислородот и на тој начин превенираат многу други симптоми и заболувања, додаде д-р Ќаева.
На Клиниката за пулмологија, рече директорот Докиќ, имаме три апарати за неинвазивна терапија.
Доктор Горица Бришковска истакна дека и покрај терапијата која ја имаат на располагање и користењето на домашната оксигена терапија кај пациентите со ХОББ во текот на годината има влошување на основното заболување и тие состојби може да бидат животозагрозувачки.
– Се смета дека годишно 30 отсто од пациентите во такви состојби доаѓаат на Клиниката и се поставуваат на неинвазивна терапија со позитивен притисок. Ова се апарати со чија помош пациентот дише под притисок одредена количина на воздух и при тоа постигнуваме подобрување на нивото на кислородот во организмот, а од друга страна се елиминира јаглеродниот диоксид кој го има повеќе во организмот кај овие пациенти со тешка ХОББ, додаде д-р Бришковска.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



