Саша Барон Коен на обожавателите им овозможи увид во она што би можело да биде неговиот најамбициозен проект досега. Глумецот и комичар, кој се прослави со ликовите на Али Џи и Борат, во соработка со Showtime подготвува нова ТВ серија.
Тој неодамна сподели објава на Твитер, каде го најавува овој проект кој ќе биде именуван како “Who is America?”, кој веќе е во продукција една година.
“Замислете дека Саша Барон Коен тајно снима една година…”, започнува најавата. Потоа се слуша гласот на Коен со кој му се обраќа на американскиот претседател Дик Чејни и го прашува дали може да му ја потпише справата за измачување која ја држи во рацете.
















![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)
















